РУТА:
Скопје – Доха – Пукет – Бангкок  / Скопје – Доха – Бангкок – Пукет (кон Тајланд)

 

Бангкок – Доха – Скопје / Пукет – Доха – Скопје (кон Скопје)


 

Времетраење:
7 ноќевања Пукет и 2 ноќевања Бангкок 


 

Транспорт:
Авионски превоз


 

Дати на патување:
03 – 12 Декември 2018

17 – 28 Декември 2018


 

Цена:
од 890 ЕУР по лице
1355 ЕУР по лице


kata noi beach, Pukhet
« 2 of 25 »

Тајланд – Бангкок и Пукет

 

7 ноќевања Пукет + 2 ноќевања Бангкок

 

Ова патување во земјата на ” слободата и насмевките”, како популарно се нарекува Тајланд, нуди уживање во разноликата природа и запознавање со фантастичната будистичка култура и историја, вкусење на перфектните тајландски специјалитети како и незаборавен ноќен живот. Една од земјите на Индокинескиот полуостров која ја сочувала својата слобода во колонијалното време. Поради својата убавина, Тајланд е популарна дестинација години наназад за бројни туристи од целиот свет. Најпримамливо што нуди оваа земја е гостопримството и шармот од локалното население. Оваа земја има многу што да ви понуди, но најдобро ќе ја доживеет ако “забавите”, ако гледате на работите онака како што прават Тајланѓаните. Тие никаде не брзаат, го прифаќаат животот онаков каков што навистина е и уживаат во сето тоа.

 

Доживејте го Тајланд на прав начин…

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 890 € 1355 € ПО ЛИЦЕ

 

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
Цената е валидна до поплнување на места по дадена тарифа од авио компанијата.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО СТАНДАРД ДВОКРЕВЕТНА СОБА/ МАКС. 2 ЛИЦА ВО СОБА

 

 Цената е валидна до пополнување на места по групна тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена и тарифа на авионска карта). Можност за индивидуални дати на патување НА БАРАЊЕ.

ДЕКЕМВРИ 
QR 306    03 ДЕКЕМВРИ   СКОПЈЕ ДОХА            1155 1850
QR 842    03 ДЕКЕМВРИ   ДОХА ПУКЕТ               2015 0705+1
QR 4380 10 ДЕКЕМВРИ   ПУКЕТ БАНГКОК        1220 1350
QR 837   12 ДЕКЕМВРИ  БАНГКОК ДОХА            0120 0525
QR 305 12 ДЕКЕМВРИ ДОХА СКОПЈЕ 0715 1055

 

Сместување /хотел Тип на соба Тип на исхрана
Century Park Bangkok 4*
Двокреветна соба

2 ноќи -појадок

Deevana Plaza Phuket 4*
Двокреветна соба
7 ноќи -појадок

Пакет цена по лице за аранжман 890 EUR

 

ДЕКЕМВРИ 
QR  306   17 ДЕКЕМВРИ   СКОПЈЕ ДОХА           1155 1850
QR  830   17 ДЕКЕМВРИ   ДОХА БАНГКОК        2010 0655+1
QR  4426 20 ДЕКЕМВРИ   БАНГКОК ПУКЕТ      0620 0750
QR  841   27 ДЕКЕМВРИ   ПУКЕТ ДОХА             1940 2300
QR  305   28 ДЕКЕМВРИ   ДОХА СКОПЈЕ           0715 1055

 

Сместување /хотел Тип на соба Тип на исхрана
Century Park Bangkok 4*
Двокреветна соба

2 ноќи -појадок

Deevana Plaza // Swissotel Resort Phuket Patong Beach 4*
Двокреветна соба
7 ноќи -појадок

Пакет цена по лице за аранжман 1355 EUR

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авио билет на релација Скопје-Доха-Пукет / Скопје-Доха-Бангкок со авио компанијата Qatar Airways или слично
  • Авио билет на релација Пукет – Банкгок / Банкгок – Пукет со авио компанијата Qatar Airways или слично
  • Авио билет на релација Банкгок-Доха-Скопје / Пукет-Доха-Скопје со авио компанијата Qatar Airways или сличнo
  • Оброци за време на летовите
  • Чекиран багаж од едно парче до 30 кг. по патник + едно парче 7 кг рачен багаж
  • 6 / 7 ноќевања во Пукет во хотел со 4* во двокреветна соба на база ноќевање со појадок
  • 2 ноќевања во Бангкок во хотел со 4* во двокреветна соба на база ноќевање со појадок
  • Трансфери  според програмата ( аеродром – хотел – аеродром на Пукет, аеродром – хотел  -аеродром во Бангкок)
  • Организација и реализација на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 159 € по лице – подложни на промени,до денот на поаѓањето / вклучено
  • Трошоци за визирање 85 € по патник
  • Трошоци за факултативни излети
  • Туристичка такса на Тајланд
  • Патничко осигурување

 

УСЛОВИ:

  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Понудата важи за минимум 2 пријавени патници.
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации.
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.

 

НЕОПХОДНИ ДЕКУМЕНТИ ЗА ВИЗА:

За влез во Тајланд потребно е претходно обезбедена виза и за истата посредува туристиката агенција, а од документи потребно е:

  • Валиден пасош од најмалку 6 месеци од датумот на враќање, во оригинал
  • 2 слики пасошка големина, со бела позадина, во оригинал
  • Хотелска резервација – ја обезбедува агенцијата
  • Повратен авио билет – ја обеезбедува агенцијата
  • Патничко осигурување
  • Пополнет формулар- ќе го добиете при резервација во агенцијата

 

НАПОМЕНИ И БИТНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • ВРЕМЕНСКА ЗОНА – Временска зона е UTC +7, значи 6 часа однапред во однос на Србија.
  • КЛИМА – Во Тајланд преовладува тропската монсунска клима. Дождовната сезона трае од средината на мај до октомври, додека сувата сезона е од ноември до април. Температурата е лето (висока) во текот на целата година. Регистрираните температури се движат помеѓу најниските 20 °C до максимум 38 ° C. Температурите почнуваат да се качуваат во јануари, кога можат да достигнат температура од 40 °C.
  • ХРАНА И ПИЈАЛОК – Храната е многу разновидна, обично типична за Азија. Има многу ориз, риба, тестенини, пилешко, овошје и зеленчук. Тајландски кујна е меѓу најдобрите на светот кујна. Карактеристики на оваа егзотична кујна се лути пиперки, лук, коријандер, тајландски босилек, лимон, нане, лимон трева, кари… различно овошје кокос, банана, ананас, папаја, манго, морска храна – лигњи, ракчиња и морска храна. Ако не ви се јаде зачинета храна замолете го келнерот да не става чили. Улична храна е многу специфична – полна со разновидни вкусови и не е препорачлива за секој стомак. Важно е да се напомене дека е задолжително да пиете флаширана вода!
  • ЗДРАВЈЕ – Вакцинацијата не е потребна. Нашите патници сами одлучуваат дали сакаат да бидат вакцинирани или не. Најдобро е да се јавите на Институтот за здравје и да се провери. Пожелно е да се носи пробиотици и лекови за температура, како и задолжително спреј за против комарци (напомена – од искуство, нивните средства се посилни, така што ќе може да се купи во Бангкок).
  • БЕЗБЕДНОСТ – Ситуацијата во Тајланд е генерално стабилна и мирна. Граѓаните, доколку го посетат Тајланд, се советуваат да бидат претпазливи. Внимателно чување на лични документи и пари се препорачува заради ризик од грабеж. Одење по улица сам во вечерни часови не е препорачливо.
  • ОБЛЕКА – Со оглед на високите температури, носете лесна гардероба. Мора да земете маичка (памучни и во светли бои) и некои долги чорапи за северот, бидејќи е поладно во вечерните часови. Земете некои удобни чевли за пешачење. При посета на културни и историски локалитети, посебно храмовите, забележуваме дека е неопходно да се покријат нозете и рамената, па обрнете внимание да имате и такво парче облека. Ако заборавите нешто, од гардероба, козметика, чевли, без грижи, имате сè да купите таму.
  • ЛОКАЛНА ВАЛУТА – Што се однесува до парите, односот долар-евро во Тајланд е многу сличен со нашиот. Нема потреба да се менуваат парите пред да заминете. Исто така, ако имате долари и сето тоа е во ред, бидејќи дефинитивно ќе треба да ги менувате парите насекаде и да платите во локална валута. Банкарскиот систем е високо развиен, така што ќе најдете бројни банки и банкомати на секој чекор. Надоместокот за користење на банкомат е околу 180-200 BHT (6 Евра), но за точниот износ на комисијата треба да се провери кај матичната банка. Нашата препорака е да ЗЕМЕТЕ СЕПАК ГОТОВИНА.
  • КОМУНИКАЦИЈА – Нашите мобилни мрежи работат во Тајланд, а можете исто така да купите локална SIM картичка. WiFi е достапна во сите сместувачки капацитети и ресторани, така што можете да останете во контакт со вашето семејство и пријатели.

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

 

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Понеделник – Петок: 09-17ч.

Сабота: 09-14ч.

 

Bul. Kliment Ohridski, 60, Skopje

+389 2 3217-410
+389 2 3222-499
info@generalturist.mk
 
WhatsApp +389 76 206 678
Viber +389 76 206 678

Facebook, white
Instagram, white

© generalturist.mk | 2018