ИНДИЈА

ЗЛАТНИОТ ТРИАГОЛНИК

ПОПУСТ


Промотивни цени за резервации направени до 31.05.2019

ДАТУМ НА ПАТУВАЊЕ


од 03 Ноември 2019
до 10 Ноември 2019

ХОТЕЛИ


Сместување во Хотели со 4* /5*
6 Ноќевања со Појадок

Пејзажите на ИНДИЈА се фантастично различни како и нејзините културни традиции. Од снежните врвови на Хималаите до сончевите плажи на тропскиот југ, земјата има природни атракции во изобилство. Можете да ги истражите за големите мачки на џунглата во живописно сафари за диви животни, да веслате во треперливите води на крајбрежните одморалишта, да пешачите високо на планините или едноставно да го вдишете воздухот со мирис на бор на медитативна шумска прошетка. Меѓу сите овие природни богатства е низата на архитектонски бисери, од спокојни храмови кои се издигнуваат од рамнини до стари тврдини со поглед на длабоки клисури.

ЊУ ДЕЛХИ – е еден од најстарите градови во светот, се наоѓа на реката Јамуна, притока на реката Ганг, во северна Индија. Главен град на земјата со население од околу 13 милиони жители. Град со богата историја, од археолошките ископувања е јасно дека Њу Делхи е датира од пред 2000година п.н.е. Тука, на местото на сегашниот град се наоѓаат остатоци од седум антички градови. Њу Делхи е град кој на прв поглед не може а да не му се восхитувате и да Ве плени.

 

Њу Делхи е град со две лица. Постојат два големи булевари во Њу Делхи – Булеварот Раџпат, подигната во спомен на повеќе од 90.000 индиски војници, кои загинаа во војните со Англија. Другиот главен булевар, Гинпат. Овде зградите се наоѓаат во концентрични кругови, а во близина е Астрономската опсерваторија Дантар Мантар. Во Стариот Делхи, човекот паѓа во сосема друг свет. Главниот булевар е мешавина на мали, осветлени улици, тивки пазари, луѓе, кучиња и скитнци крави.

ЏАЈПУР – престолнина на државата Раџастан, основан во 1727 г. од страна на Раџа Џај Синг II. Градот е познат како розовиот град, најмногу поради бојадисаните во розово во 1878 година градски ѕидови, дел од подготовките на градот за посетата на англискиот престолонаследник. Дел од градските ѕидови се непроменети и до денес, иако градот се проширил доста повеќе од првичните планови. Трговијата останува најважниот сектор за Џајпур, благодарение на стратешката локација на градот.

АГРА – лоциран на светата за Хиндусите река, Јамуна. Оваа природни заштита обезбедува стратешката улога на градот уште од првите децении на своето постоење – пред околу 2 500 години, кога бил дел од будистичката империја на Ашок. Во XVI век, градот бележи раст и е престолнина на Моголската империја (опфаќала териториите на денешна Индија) за време на династијата на Великите Монголи кои управувале од XVI до XVIII век. Денес градот Агра е познат најмногу по неверојатниот мавзолеј Таџ Махал, кој го претвора во задолжителна дестинација на секоја прва посета на Индија. Британците исто го сметале за стратешки важен градот Агра, зошто со векови тука бил стациониран голем гарнизон.

ЦРВЕНАТА ТВРДИНА – Црвената тврдина е вистинско ремек-дело на архитектурата Могул. Изграден е под императорот Шах Јахан (1627-1658) и е именуван по црвените ѕидови. Карпата со остри кули е долга 2,4 км, а зградите вклучуваат луксузни сараи и кралски бањи, павилјони и градини со убави фонтани.

ЏАМА МАСЏИД – Џама Масџид е најголемата џамија во Индија, изградена од Монголскиот император Шах Јахан. Постојат три огромни порти, четири кули и две 40-метарски минариња изградени од црвен песочник со ленти од бел мермер. Врвот на три куполи на џамијата е позлатен, а во дворот има базен и фонтана. Внатре во џамијата има места за 899 верници, а главниот двор може да прими 25 илјади верници.

ГРОБОТ НА ХУМАЈУН – е уште едно обележје во стариот дел на Делхи. Хумајун е вториот голем владетел на магнатите, кој во 1533 го направи главниот град. Гробницата се наоѓа во парк.

КУТАБ МИНАРНА КУЛА – Интригантниот комплекс Кутаб Минар е изграден во 13 век и го симболизира доаѓањето на исламот на полуостровот. Главното минаре е високо 72,5 метри. Со векови, Кутаб Минар ги сместува султанските гробови и мeдрecите – школи за проучување на Куранот. Има едно обележје – железна лента од седум метри со чистота на железото од 98%, која се смета за недостижна технологијата во тоа време.

ПАЗАР НА ЧАНДНЕ ЧАУК – Патувањето во Делхи нема да биде завршено ако не посетите еден од пазарите околу Чандни Чоук. Пазарот на Чандини Чаук одамна е најголемиот пазар во Индија. Тој нуди разновидна и зачинета храна, како и голем избор на зачини за да ги покажат кулинарските навики на Индијците.

ИНФОРМАЦИИ

1.390 €

по лице

 

промотивна цена до 31.05.2019

Со својата супериорна комбинација на традиции, духовни верувања, фестивали, архитектура и пејсажи, вашите сеќавања на Индија силно ќе светат уште долго време откако ќе ги напуштите нејзините граници.

Генералтурист

Travel Expert

УСЛОВИ

ПРОГРАМА

ДЕН 1 - [03.11.2019] - СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на аеродром Скопје во 06:55 ч., лет за Истанбул во 08:55 ч. Пристигнување во Истанбул во 12:25 ч., слободно време до летот за Њу Делхи во 20:55 ч.

ДЕН 2 - [04.11.2019] - ИСТАНБУЛ - ЊУ ДЕЛХИ

Во 05:15 ч. по локално време пристигнување во Њу Делхи. Трансфер до хотелот, појадок. Разгледување на стариот Делхи, главниот град на муслиманска Индија од ХII век до XIX век: Џамијата џамија Масџид – еден од архитектонските подароци, оставени од Шах Џахан и една од најголемите џамии во Индија; Меморијалниот центар Раџ Гат – место каде што се чуваат моштите на лидерите и борците за слобода во Индија; посета на пазарот Чандни Чоук (имате можност да се возите со типичен рикша превоз). Ручек. Попладне посета и на гробот на Хумајун (УНЕСКО), изграден од една од неговите вдовици, девет години по неговата смрт. Сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 3 - [05.11.2019] - ЊУ ДЕЛХИ

Појадок. Разгледување на новиот Делхи, изграден од британскиот Раџ, за да ја замени Калкута во 1931 година како главен град на индиската држава: Собранието; Индиската портата – 42 метри. Висока триумфална капија, на која се испишани имињата на 85 000 индиски војници кои загинале за време на различни војни во почетокот на XX век; Кулата Кутаб минаре – висока 72.5 метри; посета на Храмот Лотус – изграден во 1987 г. од следбеници на бахајската вера; Храмот Лаксми Нарајан – еден од главните Хинду храмови во Делхи и главната туристичка атракција во градот и опсерваторијата Џантар Мантар. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 4 - [06.11.2019] - ЊУ ДЕЛХИ - ЏАЈПУР

Појадок. Поаѓање во Џајпур, попатно ручек. Посета на Амбер Форт (за оние кои сакаат да се прошетаат со слон во Амбер Форт – ако има можност за сите заинетресирани..?) – несомнено е еден од најзначајните обележја во регионот. Изграден во 1592 година од Раѓа Маж Синг II, тврдината е одличен пример за раскошот на локалната архитектура. Трансфер во хотел во Џајпур. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 5 - [07.11.2019] - ЏАЈПУР

Појадок. Разглед на ЏајпурПосета на Градскиот дворец – изграден во XVIII век и сопственост на владејачката фамилија на Џајпур. Во денешно време во палатата се сместени неколку музеи –за текстил, за оружје и за минијатурни цртежи и Опсерваторијата – изградена од астрономот Крал Сава Џај Синг во 1728 година Опсерваторијата работи и до денес. Посета на Хава Махал или позната како Палата на ветровите. Пет катната палата била изградена за да им овозможи на жените во палатата да ги гледаат фестивалите што поминуваа низ улиците. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 6 - [08.11.2019] - ЏАЈПУР - АГРА

Појадок. Заминување за Агра (243 км.). По пат посета на Фатехпур Сикри – град, изграден во XVI век од императорот Акбар, за да послужи за престолнина на неговата империја, но беше напуштен само 14 години по неговата изградба. Ручек. Пристигнување во Агра. Посета на Агра Фор – прекрасна зграда во која креаторот на Таџ Махал – Шах Џахан ги поминал последните години од својот живот, затворен тука од својот син. Трансфер во хотел во Агра. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 7 - [09.11.2019] - АГРА - ЊУ ДЕЛХИ

Рано будење. Појадок – сув пакет. Посета на Таџ Махал на изгрејсонце (најсоодветно време кога зградата е насликана со розева боја) – изградена од Шах Јахан помеѓу 1631 и 1653 година за да се сместат останките на неговата сопруга, Мумтаз Махал. Разглед на мавзолејот Итамдад-Уд-Дала – наречен мал Таџ Махал и градини на Мехтаб Баг – над 300 м2. градини со прекрасен поглед на Таџ Махал. Ручек. Заминување во Делхи (225 км). Пристигнување во Делхи. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање во Њу Делхи.

ДЕН 8 - [10.11.2019] - ЊУ ДЕЛХИ - ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Трансфер до аеродромот во Делхи. Лет до Истанбул во 06:55 Пристигнување во Истанбул во 11:30 по локално време. Лет од Истанбул до Скопје во 20:15 Пристигнување во Скопје во 19:45 часот

СМЕСТУВАЊЕ / лице

ПРОМО ЦЕНИ ДО 31.05.19 / лице

ЦЕНИ / лице

ВОЗРАСЕН ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА

1390 €

1440 €

ВОЗРАСЕН ВО ЕДНОКРЕВТНА СОБА

1654 €

1706 €

ТРЕТ ВОЗРАСЕН ВО СОБА НА ДОПОЛ. ЛЕГЛО

1352 €

1440 €

ДЕЦА ДО 11 Г. СО 2 ВОЗРАСНИ ВО СОБА

1328 €

1400 €

ДЕЦА ДО 11 Г. СО 1 ВОЗРАСЕН ВО СОБА

1374 €

1444 €

  • Промо цени – валидни за резервација и уплата до 31.05.2019.
  • Во некои хотели на трето лице – на дополнителен кревет.
  • Индиска виза 80 €

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Информации и потребни документи за издавање туристичка виза за Индија:

  • Пасош со важност од најмалку 6 месеци по датумот на враќање;
  • Се пополнува апликација и се приложува копија од важечки пасош и една фотографија во боја од 5 см / 5 см;
  • Визата се издава за околу 10 работни денови.( доколку нема празник во тој период), цена за виза: 80 ЕУР

 

Локална валута:   Индиска рупија.

 

Патничко / здравствено осигурување е задолжително да го има секој патник. Доколку не сака патничко/здравствено осигурување потпишува изјава во агенција.

 

Цените за факултативните (дополнителните)  ексурзии и услуги платени за време на патувањето во Индија се за 20% повисоки.

 

 

Времетраење на летот:

 

Скопје – Истанбул:      01:40ч
Истанбул – Делхи:       05:50ч
Делхи – Истанбул:       07:05ч
Истанбул – Скопје:      01:30ч

 

Вкупно времетраење лет+паузи во одење:        15:50ч
Вкупно времетраење лет+паузи во враќање:    17:20ч

 

Или друг лет Скопје-Виена- Делхи-Виена-Скопје

ХОТЕЛИ ВО ПОНУДА

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ

Цените се изразени во евра, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 1 € = 62 мкд. Во случај на промена на пазарот добра и услуги, организаторот на патувањето го задржува правото да ја корегира цената на неплатениот дел од аранжманот.

 

УПЛАТА

  • Уплата (депозит) 50% од вредноста на пакетот, со потпишување на договорот за патување. Доплата на целосниот износ да се плати најдоцна до 29.08.2019.

УСЛОВИ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ

Во случај корисникот (патникот) да го откаже организираното патување:

  • Корисникот може да се откаже од организираното патување 85 (осумдесет и пет) или повеќе дена пред датумот на поаѓање без да биде задолжен со казна (ако тоа не е спротивно на условите на авиопревозникот при купен билет).
  • Корисникот го губи правото за враќање на авансиот износ доколку не доплати во предвидениот рок до 100% од износот на аранжманот.

 

Во случај корисникот (патникот) да го откаже организираното патување:

  • Во период од 84 (осумдесет и четири) до 65 (шеесет и пет) дена пред датумот на поаѓање му се надоместуваат 70% од цената на организираното патување во денари.
  • Во интервалот од 64 (шеесет и четири) до 35 (триесет и пет) дена пред датумот на поаѓање му се надоместуваат 30% од цената на организираното патување во денари.
  • Под 35 (триесет и пет) дена пред датумот на поаѓање му се задржува целата сума за организираното патување во денари.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

  • ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ПОТРЕБНИ СЕ МИНИМУМ 24 ПАТНИЦИ, ВО СПРОТИВНО АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ЈА ПОКАЧИ ЦЕНАТА, (АКО Е ПОМАЛ БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ ОД 24 ) ИЛИ ДА ЈА СТОРНИРА ПРОГРАМАТА, А ЗА ТОА ДА ГИ ИЗВЕСТИ ПАТНИЦИТЕ 30 ДЕНА ПРЕД ДАТАТА НА ЗАМИНУВАЊЕ, СО ВРАЌАЊЕ НА ПАТНИКОТ НА СИТЕ УПЛАТИ НАПРАВЕНИ ЗА ПАКЕТОТ БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛЕН НАДОМЕСТ.
  • За патувањето во Индија не се бара задолжителна вакцина, освен за лица кои до пред 6 дена посетиле некоја од африканските земји.
  • Патувањето не е препорачливо за лица со намалена подвижност.
  • Во  цената на аранжманот за авио билетот е наведена најниската цена (тарифа) за сите летови кои важеле на денот на објавувањето на програмата (цените на хотели и авио билетите некогаш зависат од  период на патување и достапноста за време на барање на резервација.
  • Домашните летови се со локални авиокомпании.(доколку ги има во понудата)
  • За сите посети, разгледи во програмата се предвидени локални водичи, (према програмата)
    а ќе има симултан превод на српски, хрватски, бугарски или македонски јазик на лице место.
  • Трансферите по програмата се изведуваат со минибус или автобус.
  • Туроператорот не е одговорен за распоредот на летови ако ги измени авиокомпанијата.
  • Во случај на значителна промена на девизниот курс, вкупната цена на пакетот е предмет на приспособување.
    Неговото зголемување (намалување) треба да биде економски оправдано и да одговара на промените.
    Правото на прилагодување на цената (зголемување, намалување) е исклучива надлежност на Организаторот.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.

ЗА ОВА ПАТУВАЊЕ ВАЖАТ И СЕ ПРИМЕНУВААТ ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ.

+389 2 3217-410

+389 2 3222-499

sales@generalturist.mk

aviokarti@generalturist.mk

ticketing1@generalturist.mk

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето!!!

ДРУГИ АКТУЕЛНИ ПОНУДИ

Непал и Бутан

Бутан Непал

Cultural

Непал и Бутан

Мистериозна Азија


10 Дена / 8 Ноќевања
05 Ноември 2019 - 14 Ноември 2019

од 2644 € по лице

Прочитај Повеќе

Понеделник – Петок: 09-20ч.

Сабота: 09-14ч.

 

Bul. Kliment Ohridski, 60, Skopje

+389 2 3217-410
+389 2 3222-499
info@generalturist.mk
 
WhatsApp +389 76 206 678
Viber +389 76 206 678

Facebook, white
Instagram, white
LinkedIn

© generalturist.mk | 2019