ТУРА:
Скопје – Дубаи – Скопје


 

Времетраење:
5 дена / 4 ноќевања
8 дена / 7 ноќевања


 

Транспорт:
Авионски превоз


 

Дата на патување:
Октомври 2018 – Април 2019


 

Цени од:
535 ЕУР (5 дена / 4 ноќевања)
619 ЕУР (8 дена / 7 ноќевања)


dubai
« 1 of 25 »

Програма на патувањето: 5 и 8 дена/4 и 7 ноќи – авиокомпанија “FLY DUBAI”

 

  • 1 ден СКОПЈЕ – ДУБАИ

Полетување на авионот за Дубаи во 13.50 часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 20.45 часот (варијабилни саатници согласно политика на авио компанија). Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

  • 2 – 4 ден ДУБАИ

Слободен ден за индивидуални активности или организирање на факултативни екскурзии.Сместување во избраниот хотел на база наведената услуга, наутро инфо состанок и слободно време претпладне за индивидуални активности.

  • ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА

Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.

  • ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ – ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour

После доручекот, започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Враќање во хотелот.

  • ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise

Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него. Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).

  • ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ

Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија.Мозе да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Saadiyat island каде во иднина ќе се наоѓа Louvre Abu Dhabi и Guggenhiem музеј потоа продолжуваме до Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката. НАПОМЕНА: Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони, долги ракави,а за жените е обавезна марама.

  • ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ОПЦИОНО ИНДИВИДУАЛНО

Во вечерните посета на Burj Khalifa – највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат …Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови. Посета на DUBAI PARKS & RESORTS – ИНДИВИДУАЛНО (на барање). Најновата атракција во Дубаи – забавен парк кој се состои од неколку тематски парка (Motiongate/ Bollywood Parks Dubai/ Legoland Dubai/ Legoland Water Park).

  • 5 ден ДУБАИ – СКОПЈЕ

Во раните утриснки часови трансфер на аеродром. Полетување на авионот од Дубаи во 09.10 часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.45 часот (варијабилни саатници согласно политика на авио компанија).

Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :

 

АВИОН ОД СКОПЈЕ + ТРАНСФЕР + 4 & 7 НОЌЕВАЊА ВО ДУБАИ / НА БАЗА НП + АЕРОДРОМСКИ ТАСКИ

валидна за резервации и уплата  до пополнување на дадени места и промо класи на авион и во хотел


 

hohotelhotelhotelХОТЕЛhohotelhotelhotel hotЛОКАЦИЈАhot hotelТИП НА СОБАhotel УСЛУГА    5 д / 4 н 8 д / 7 н
IBIS DDC
3*
DEIRA

STANDARD

НП

535 ЕУР

619 ЕУР

AVARI DUBAI HOTEL
4*
AL RIGGA AVARI WT ROOM НП

585 ЕУР

699 ЕУР

CASSELS AL BARSHA
4*
AL BARSHA SUPERIOR DBL НП

589 ЕУР

699 ЕУР

GRAND EXCELSIOR AL BARSHA
4*
AL BARSHA SUPERIOR DBL НП

589 ЕУР

699 ЕУР

FIRST CENTRAL HOTEL APARTMENT
APP
TECOM CLASSIC STUDIO НП

589 ЕУР

699 ЕУР

GRAND BELLE VUE HOTEL APARTMENT
APP
TECOM STUDIO НП

589 ЕУР

699 ЕУР

HOLIDAY INN AL BARSHA
4*
AL BARSHA DELUXE НП

599 ЕУР

719 ЕУР

ROSE PARK AL BARSHA
4*
AL BARSHA DELUXE НП

599 ЕУР

719 ЕУР

CROWNE PLAZA DUBAI
5*
SHEIKH ZAYED ROAD DELUXE DBL НП

649 ЕУР

799 ЕУР

NASSIMA ROYAL
5*
SHEIKH ZAYED ROAD SUPERIOR DBL НП

689 ЕУР

869 ЕУР

THE RETREAT PALM JUMEIRAH
4*
PALM JUMEIRAH CLASSIC ROOM BALCONY НП

799 ЕУР

1055 ЕУР

SHERATON JUMEIRAH BEACH RESORT
5*
JUMEIRAH STD WALK VIEW НП

929 ЕУР

1289 ЕУР


 

Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ.

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:

 

Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

 

Во готово/ кредитни картички/ преку фактура – уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Повратен авионски билет на релација  Скопје – Дубаи – Скопје со FLYDUBAI (вклучен багаз рачен 7кг и чекиран 20кг, согласно политика на авио компанија, НЕ Е ВКЛУЧЕН ОБРОК ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТ – со доплата и претходна резервација)
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • 4 или7 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга
  • Организација и реализација на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Aеродромски такси  – 45ЕУР по лице (задолжително за сите лица, вклучувајќи и дете и бебе )
  • Влезна виза за  Дубаи  – 85ЕУР по лице (задолжително за сите лица, вклучувајќи и дете и бебе )
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ НАВЕДЕНИ ПОГОРЕ ИЛИ ИНДИВИДУАЛНИ НА БАРАЊЕ (зависи од број на лица пријавени за секоја екскурзија и попусти за КОМБО тури ако се земат 3 или повеќе екскурзии заедно)

  • Патничко осигурување
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот 
  • * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба). Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

 

НАПОМЕНИ:

 

Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

 

Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба/услуга

 

Цените се во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 EUR = 62 ден. и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места на aвион и во хотел – на барање)

 

Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата.

 

Цените не се валидни за високи сезони и block-out дати и за време на манифестации (со доплати – Ве молиме да ја контактирате агенцијата):

  • Gitex – 14-18.10.2018
  • Special Food Festival – 29 – 31.10.2018
  • GFM – 06 – 08.11. 18
  • Big 5 – 26 – 29.11. 18
  • New Year 28.12.18-02.01. 19
  • INTERSEC – 20.01-22.01. 19
  • Arab Health – 28.01-01.02. 19
  • MEDLAB – 04-07.02. 19
  • Gulf Food – 17.02-22.02. 19
  • MEE – 05-08.03. 19
  • AL – 11-14.03. 19

 

За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош. Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.

 

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

 

Максимален број на лица во двокреветна соба се две возрасни.

 

Постои можност во собите да се постави едно дополнително легло како помошен кревет за дете или 3 возрасно лице СО ДОПЛАТА– со што се намалува комодитетот на собата. Цена на дополнително легло за возрасен или дете – НА БАРАЊЕ.

 

Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.

 

Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (самопослужување).

 

Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците.

 

Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)    

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

 

За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност

 

Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна

 

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

 

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

 

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

 

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

 

Важат општите услови на патување на Генералтурист

Понеделник – Петок: 09-17ч.

Сабота: 09-14ч.

 

Bul. Kliment Ohridski, 60, Skopje

+389 2 3217-410
+389 2 3222-499
info@generalturist.mk
 
WhatsApp +389 76 206 678
Viber +389 76 206 678

Facebook, white
Instagram, white

© generalturist.mk | 2018