ТУРА:
Скопје – Дубаи – Скопје


 

Времетраење:
8 дена / 7 ноќевања


 

Транспорт:
Авионски превоз


 

Дата на патување:
27.12.2018 – 03.01.2019


 

Цена од:
949 ЕУР


tour img-388460-148
« 2 of 25 »

Програма на патувањето: 8 дена/7 ноќи – авиокомпанија “FLY DUBAI”

 

  • 1 ден СКОПЈЕ – ДУБАИ

Полетување на авионот за Дубаи во 13.25 часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 21.25 часот (варијабилни саатници согласно политика на авио компанија). Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

  • 2 – 7 ден ДУБАИ

Сместување во избраниот хотел на база наведената услуга , слободно време предвидено за индивидуални активности, одмор, организација на факултативни излети и друго.

  • ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ПОПЛАДНЕВНО ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА (15ч-21ч) – 45 ЕУР по лице

Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.

  • ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ – ПОЛУДНЕВНА ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (09ч – 13ч) – 25/30 ЕУР по лице

После доручекот, започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Враќање во хотелот.

  • ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise (19ч – 22ч) – 45 ЕУР по лице

Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него. Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок). Опционо и можност за крстарење по Марина и крстарење по новиот канал со вклучена вечера (55-60 евра по лице).

  • ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ (08ч – 15ч) 55/60 ЕУР по лице

Излетот почнува од Дубаи, се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби. Тој е главен и административен град на ОАЕ. Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови. Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот. Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ, кој е закопан во оваа џамија. Може да прими 40000 верници а главниот двор 9000. Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници. Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри. Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер. Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace, најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*). После ручекот во Абу Даби одиме кон островот Saadiyat каде во иднина ќе се наоѓа Louvre Abu Dhabi и Guggenhiem музеј потоа продолжуваме до Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката. НАПОМЕНА: Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете, што подразбира долги панталони,  долги ракави, а за жените е обавезна марама.

  • ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ОПЦИОНО ИНДИВИДУАЛНО

Во вечерните посета на Burj Khalifa – највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат …Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови (нормални саати влезница е 45 ЕУР по лице). Посета на DUBAI PARKS & RESORTS – ИНДИВИДУАЛНО (на барање). Најновата атракција во Дубаи – забавен парк кој се состои од неколку тематски парка (Motiongate/ Bollywood Parks Dubai/ Legoland Dubai/ Legoland Water Park).

  • 8 ден ДУБАИ – СКОПЈЕ

Во раните утриснки часови трансфер на аеродром. Полетување на авионот од Дубаи во 09.25 часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.25 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :

 

 


hotelhotelhotelhotelХОТЕЛhotelhotelhotelhot

ЛОКАЦИЈА

ТИП НА СОБА

УСЛУГА

8 д / 7 н

GRAND BELLE VUE HOTEL APARTMENT

 

(во собата може да се сместат 2 возрасни + еден екстра rollaway кревет за 3-то возрасно лице или дете до 11.99 години)

TECOM

STANDARD DBL

НП

возрасно лице

989 €

3-то возрасно

949 €

дете до 11.99

869 €

IBIS AL BARSHA 3*

 

(со вклучена Новогодишна ГАЛА Вечера)

AL BARSHA

STANDARD

НП

нема можност за трето легло

949 €


 

Цената е ПАКЕТ ЦЕНА по лице за сместување во стандардна двокреветна соба на база ноќевање со појадок за 7 ноќи/ 8 дена. Цената е валидна се до пополнување на промотивни места во група (авион и хотел).

 

 

Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена на саатници дирекно од авио компанијата.

 

ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ  ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:

 

Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на целиот износ. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена. Минимален износ за уплата на аконтација е 50% од целосниот износ, остаток доплата 20 дена пред патување.

 

Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае.

Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

 

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

 

Во готово/ кредитни картички/ преку фактура.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Повратен авионски билет на релација  Скопје – Дубаи – Скопје со FLYDUBAI (директен лет) со дозволен 20кг багаж по лице, (оброк за време на лет не е вклучен во цена – СО ДОПЛАТА НА ЛИЦЕ МЕСТО) 
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на база ноќевање со доручек согласно наведена услуга
  • Во цената за хотел Ibis Al Barsha 3* е вклучена Новогодишна вечера согласно политика и програма на хотелот (задолжителна)
  • Услуга водич во Дубаи за факулативи и дополнителни информации (ДОКОЛКУ СЕ РЕЗЕРВИРААТ И УПЛАТАТ ФАКЛУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ)
  • Технички водич од Скопје

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси – 45 ЕУР по лице (не плаќа само дете 0-2год.)
  • Влезна виза за  Дубаи  – 85 ЕУР по лице (плаќаат сите лица кои патуваат не зависно од годините)
  • Оброците и филмови на летовите се наплаќаат дирекно во авион со кредитна картичка или на кабински персонал
  • Опциони индивидуални екскурзии и факултативи (не вклучени во програма – на барање)
  • НАПОМЕНА – ЦЕНАТА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ЛИЦА ЗА ИСТАТА И Е ПОДЛОЖНА НА ПРОМЕНИ СЕ ДО МОМЕНТ НА ФИНАЛИЗИРАЊЕ НА БРОЈ НА ЛИЦА ПО ЕКСКУРЗИЈА И УПЛАТА НА ИСТИТЕ ПРЕД ТРГНУВАЊЕ ( ПОНИСКА ЦЕНА ЗА COMBO ЕКСКУРЗИИ)
  • Организирана новогодишна вечера во ресторани (со доплата на барање)
  • Патничко осигурување
  • Екстра трошоци во хотел  (Телефон,Ручек &Вечера,Минибар,пијалоци, сервис во соба… )
  • Останати индивидуални трошоци
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот 

* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out и истата изнесува:  15  дирхами (15 DHS ≈ 3 EUR) по соба по ноќ за Хотели од 4* / 4* lux.

 

НАПОМЕНИ:

 

Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

 

Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба/услуга

 

Цените се во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 EUR = 62 ден. и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места на aвион и во хотел – на барање

 

Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата.

 

ВИЗЕН РЕЖИМ И АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ВИЗА  – НАПОМЕНА:

Право на аплицирање за виза имаат мажи кои  имаат најмалку 23 години и жените кои имаат полни 23 години. Лица помлади од 23 години можат да добијат виза само ако тие ќе патува со своите родители. Издавањето на виза зависи САМО од Имигационо одделение во ОАЕ и за истото нема гаранција (можат да побараат дополнуителна докумнтација).

 

За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош. Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.

 

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

 

Сите патници мора да имаат меѓународно здраствено осигурување.

 

Максимален број на лица во стандардна двокреветна соба се две возрасни лица како најниска категорија на стандардна двокреветна соба за даден хотел.

 

Хотел Ibis Al Barsha располага САМО со двокреветни соби, за трето лице мора да се земе еднокреветна соба (single= standard dbl)

 

Во собата GRAND BELLE VUE HOTEL APARTMENT може да се постави само еден дополнителен кревет како помошен rollaway bed, мошност да се смести само едно лице плус во собата. Со поставување на дополнителен лежај во стандардна двокреветна соба се намалува комодитетот на собата. Доплата за трето лице возрасно или дете до 11,99 години – ДАДЕНА.

 

Повисоки категории на соби и апартмани се на барање и цената е на барање заради доплата на повисока категорија на соба и висока сезона – ЦЕНА И СЛОБОДНИ КАТЕГОРИИ СОБИ НА БАРАЊЕ, како и за еднокреветните соби – НА БАРАЊЕ СО ДОПЛАТА ЗА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА.

 

Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.

 

Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (самопослужување).

 

Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците.

 

Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)    

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

 

За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност

 

Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна

 

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

 

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

 

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

 

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

 

Важат општите услови на патување на Генералтурист

Понеделник – Петок: 09-17ч.

Сабота: 09-14ч.

 

Bul. Kliment Ohridski, 60, Skopje

+389 2 3217-410
+389 2 3222-499
info@generalturist.mk
 
WhatsApp +389 76 206 678
Viber +389 76 206 678

Facebook, white
Instagram, white

© generalturist.mk | 2018